Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес беше во Нераште, во домот на семејство кое, за жал, претрпе огромна загуба во изгорената модуларна болница.
Денеска сум овде во тетовски, бев претходно заедно со пратеникот Александар Велјановски во Нераште да изразиме сочувство и да поразговараме луѓето кои што беа сведоци практично на оној немил настан кој што се случи овде во модуларната болница, оној пожарот кој што однесе 14 човечки животи, бевме во семејството на една од тие жртви, изјави за медиумите, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој истакна дека луѓето се уште го преживуваат тој хорор кој што се случи тој ден.
– Разговарав со двајцата синови на мајката која што е жртва на тие настани. Дел од тоа што го преживеа, пренесоа и навистина можам да изразам големо жалење, затоа што тоа што го слушнав е навистина траорно и трагично и болно. Она кое што ние како ВМРО-ДПМНЕ можеме да го ветиме и да се обврземе и јас како човек е дека оваа работа, порано или подоцна ќе ја истуркаме до крај и виновниците мора за ова да сносат одговорност, без разлика дали таа е функционална или морална, вели Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ појасни дека во Македонија се случуваат пречесто пожари, пречесто се случуваат порази кои што сега чинат и човечки животи и дека ако не се понесе одговорност, ако нема веднаш оставки барем од тие кои што се надлежни и ресорни во овој случај, а тоа е министерот за здравство, ако нема независна истрага, ако нема истрага која што ќе даде одговор на многу прашања кои што јавно се поставени, а тоа е како може објектот да нема против пожарна заштита, како може да нема давачи кои што ќе го мерат количеството на кислород во една просторија, како може да нема дозвола за употреба, а објектот да биде во употреба, и уште многу прашања кои што тој ги постави, а за кои за жал се уште нема одговори.
– Затоа, апелирам за малку совест, за малку морално ниво, тие кои што се најодговорни да понесат веднаш одговорност за да не ни се повтори ова, а потоа преку една независна и темелна истрага да ги констатираме вистинските виновници, кои што ќе понесат и институционална одговорност, додаде Мицкоски.