недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Во Законот за ЈО Заев гледа спас за себе и за одговорноста после 12-ти април

Мицкоски: Во Законот за ЈО Заев гледа спас за себе и за одговорноста после 12-ти април

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ синоќа зборуваше за донесувањето на Законот за Јавно Обвинителство при што посочи дека тој нема информација дека Зоран Заев има обезбедено 80 пратеници за да се изгласа овој закон.

-Со оглед на однесувањето луѓето внатре во Парламентот и она што го добивам како информација од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Парламентот тоа е дека Парламентот на се личи само на Парламент не. Таму се договараат, преговараат услови за сега, за утре, за задутре, за лични работи, за најтесни семејства, просто не можам ни да кажувам што се слушам дека се договара, тоа е толку примитивно така што воопшто не би се спуштал на тоа ниво да дискутирам и коментирам, истакна Мицкоски во своето гостување.

Мицкоски во врска со донесувањето на Законот за ЈО во Сoбранието го додаде следново:

-Oва е само показна вежба што ќе се случува после 12-ти април кога ќе изгуби Зоран Заев, на што се е подготвен само за да остане таму каде што е и само за да може да се спаси од одговорност за криминал и корупцијата во овие три години. Така да, еве, нека судат и нека гледаат граѓаните каков примитивизам и каква декаденција денеска е присутна а во државата, рече тој.

Тој посочи дека Зоран Заев преку законот за ЈО се обидува да се спаси од одговорност, да не одговара за своите криминали.

-Процесот околу носење на Законот за ЈО продолжува да се води на сила, како што не му доликува на Законодавниот дом практично. И тоа е она што е разочарувачки денеска на македонската политичка сцена. Но тоа е очекувано за нас бидејќи во насоката во која што се водат работите, Зоран Заев практично гледа спас за себе и за одговорноста после 12-ти април, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека денеска ова што се случува во Парламентот е се само не личи на Законодавен дом. Се тргува со секој глас, на секој човек внатре, луѓе се притискаат, се заканува, се уценува.

-Односно власта бара начин како да се добие глас повеќе. Зошто ова се случува? Затоа што не е поради квалитетот на законот, и онака овој закон треба да биде ефективен таму по 30-ти јуни 2020 година. Тој нема да стане веднаш ефективен, еве и да замислиме дека веднаш ќе се донесе, тој нема да биде ефективен сега. Туку ќе биде од 30-ти јуни 2020. Период од 4 месеци од денеска. Дури и повеќе од 4 месеци, истакна Мицкоски.

Во емисијата тој зборуваше за економските мерки на ВМРО-ДПМНЕ, најавени во програмата со кои партијата ќе настапи на претстојните избори.

-ВМРО-ДПМНЕ и јас како претседател ги разгледавме сите можности и проекти за придвижување на економијата, односно остварување економски раст. Математиките и домаќинското работење кое ќе го практикува наредната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ предвидува 20% покачување на просечните плати и 25% покачување на пензиите. Исто така, тврдам дека во рок од четири години растот на бруто домашниот производ ќе биде најмалку 4%”, вели Мицкоски.

Тој додава дека гледиштата на ВМРО-ДПМНЕ се дека досега беа водени грешни политики од страна на сегашната власт и дека тоа мора да се промени со цел подобрување на стандардот.

-Нашите мерки и проекти кои ги предлагаме тоа ќе го остварат. Нема да нудиме само популистички мерки, туку реални мерки и проекти кои конечно ќе донесат подобар стандард на граѓаните на Република Македонија, заврши Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека доколку се води континуирана економска политика со спроведување на мерки кои што треба да донесат додадена вредност и во бизнисот и во компаниите ветувањата се остварливи.

-Она кое што ние го нудиме во нашата програма е токму тоа како да го ослободиме бизнисот од сите пореметувања кои што денеска му се случуваат и навистина да му дозволиме да расте. Сериозно реални ветувања и ветувања кои што се темелат на сериозна методологија и можат емпириски да се докажат. Најголемиот проблем би бил во исполнување на капиталните инвестиции или таканаречениот проектен менаџмент и ние се обврзавме во нашата програма на минимум 90 % реализација на тие капитални инвестиции. Тука ќе треба да поработиме тука можеби ќе треба дополнителни законски интервенции но мислам дека во иднина заедно со коалициониот партнер ќе можеме тоа да го направиме, кажа Мицкоски.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ истакна дека се потребни структурни промени за да се придвижи економијата напред бидејќи тоа на државата и е сериозно потребно во овој момент.

-Во овој момент како што стојат работите ние потребно е да бидеме сериозно загрижени за развојот на државата и начинот како ова општество ќе продолжи да функционира. Зошто? Затоа што бизнисот не може да расте поради репресивните политики и не само оние официјални туку и неофицијални. Луѓето се жалат, непредвидлива политика од аспект на носење на закони, непредвидлива даночна политика се менува денес за утре купи ден продај, неисполнети ветувања, тоа што се ветува не се испорачува, нереализирани капитални инвестиции а од друга страна се прибираат парите и одат во непродуктивни трошоци. Од друга страна имаме континуирано незнаење и немање визија за развој во иднина. Сето ова бизнисот го прави загрижен дали да се развива и во која насока, додаде Мицкоски.

Најнови вести