Ние зборуваме за политички процес, за процес каде нашиот билатерален проблем со Бугарија во следна фаза ако помине таа промена во Уставот, станува наш проблем со цела Европска Унија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Тема на денот во централниот Дневник на Телевизија Сител.
„Повторно ќе ви кажам, ние нема да зборуваме за 21-от, век за подобро образование, здравство и сето она останато што веќе го набројав. Туку повторно ние сега ќе зборуваме за времето на пошто гледам овие скапо платени членови на таа комисија со по неколку десетици илјади евра хонорари кои ги земале некои и стотици илјади евра изминатиот период си потпишаа за средниот век за Самоиловата држава, за Кирил и Методиј, Климент и Наум“, кажа Мицкоски.
Мицкоски посочи дека за 80 илјади евра хонорар по член историската комисија го прифаќа тоа што Владата на СДСМ сака.
„Во јавноста излегоа, нели претседателот имаше околу 80,000 евра хонорар, ако не се лажам. Барем така циркулираше по медиумите а тоа тој не го демантираше тоа. Јас колку што успеав да видам вкупно сите членови имаат поделено некаде околу 200,000 евра, а претседателот Драги Ѓорѓиев новиот академик 80,000 евра“, истакна Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека сега следна фаза се преродбениците.
„Сега е Шапкарев, Мисирков, Миладиновци, Пејчиновиќ итн. Потоа ќе дојдат Илинденците и тоа се практично теми кои ние предупредувавме дека ќе бидат теми кои ќе бидат дел од тој процес“.