За власта, а особено за Заев ова е последната сламка за спасот. И не е незаслужено затоа што народот е против него. Тоа е последица на многу разочарувања и неисполнети ветувања. На многу порази, на многу горки чувства и подголтнувања покрај малите екрани гледајќи ги неговите пазарења, скандали и афери.
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој вечерва од Долни Сарај во Охрид се обрати по повод празникот 23-ти Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба.
-52 месеци е на власт и најмалку 3 пати вели дека ја разбрал пораката од народот и повторно продолжува по старо. Токму затоа народот е во апатија, затоа што гледа дека таквото поведение не се менува. Сите жолти картони се потрошени, на ред е само црвениот. А тој овој пат е кај неговото височество- народот, додава Мицкоски.