понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Миланов: Апсурдно е да се бара конфискација на имот на физички лица кога правниот субјект е избришен

Миланов: Апсурдно е да се бара конфискација на имот на физички лица кога правниот субјект е избришен

Бранителот Еленко Миланов во својот воведен говор се осврна на диспозитивот на обвинителниот акт, во кој постојат многубројни прашања и нејаснотии. Едно од нив е во делот III точка 5 во кој што се вели дека обвинетите Кирил Божиновски и Миле Јанакиевски со умисла, со совети и упатства на првообвинетиот Никола Груевски, му помогнале во извршување на кривично дело во потрага на средства за изборна кампања. Како правно прашање се наметнува фактот што изборната кампања не ја водел Никола Груевски туку коалиција од 17 или 20 партии. Ако некој може да преземе дејствија, тоа е коалицијата, како правен субјект со решение од Централниот регистар. По изборите тој субјект се брише од Централниот регистар. За бришење потребно е доставување на извештаи, ревизија итн. Е сега на кого помагаше Кирил Божиновски?

За да апсурдот биде уште поголем, во обвинителниот акт се бара конфискација на имот на физички лица. Од кого ќе се конфискува имотот кога правниот субјект е избришен. Во случајов, диспозитивот не зборува во ниту еден дел, ниту укажува за непосредна имотна корист на било кој од обвинетите. Па, оттаму сметам дека не постои правна и легална основа за конфискација на имот.

Тој додаде и дека за предметот Титаник, апсолутната застареност е истечена во мај 2017.

Најнови вести