Дискутабилно е во конкретниот случај тоа дали требаше или не требаше да бидеме известени, затоа што во конкретниот случај постои една законска одредба согласно која стои членот 172, согласно која по стапување во сила на обвинителен акт за донесување на евентуално решение за притвор е надлежен Кривичниот совет на судот, не Судечкиот туку Кривичниот совет, посочи Еленко Миланов, адвокат на Кирил Божиновски и Миле Јанакиески во дебатната емисија „Отворено“ на АлфаТВ.
Адвокатот Миланов образложи дека во конкретниот случај, како што рече, ако се оди по таа одредба можеше да Кривичниот Совет одлучува затоа и не мораше да бидеме известени.
-Но од друга страна овде според мене не можеше да се оди со директен предлог за определување на мерка притвор како што тоа го направи Обвинителствата. Затоа што во тој момент, во тој предмет постои актуелно решение со кое се обезбедени мерки за претпазливост во однос на двајцата овие обвинети со согласност со кои мерки за претпазливост им е одземена патната исправа и имаат задолжување за јавување во одреден ден, мислам дека се различни за двајцата обвинети кај службеникот во судот, вели адвокатот.
Тој посочи дека тоа го почитуваат и двајцата.
-Миле Јанакиески е присутен без малку секој ден во судот. Многу често неделно има и по три пати и до четири рочишта на кои е присутен во судот. Така што тој е тука, достапен и никаде нема отсуствувано. На ниту едно рочиште не е одложено поради негово отсуство освен кога доаѓа до преклопување на две судски рочишта што е апсурд дека може на двете рочишта. Во однос на господинот Кирил Божиновски пак постои само тој Кривичен предмет, кој што тој е во својство на обвинето лице, секое рочиште бил присутен, уредно се јавувал на секој термин во кој што требало да се јави. Така што и двајцата имаат мислам околу 70-тина потписи во судот дека се присутни и дека уредно се јавуваат. Во таа ситуација сметам дека не можеше да се оди со предлог за определување на мерка притвор директно туку ако сакаше обвинителството можеше да оди со тоа да побара измена на мерката за обезбедување односно изречените мерки за претпазливост со некоја построга мерка. Но за да тоа го направи требаше да обезбеди документ согласно на кој овие двајца или некој од нив не ги почитувал тие мерки за претпазливост, за да може да се отиде на тој начин, појасни адвокатот Миланов.