КУРИР побара коментар од адвокатот Еленко Миланов за одлуката екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, да останат во притвор.
-Одлуката е донесена покрај сите аргументи кои беа изнесени од одбраната, во делот дека решението има недостатоци и од формален и од правен аспект. Од формален аспект, воопшто не постои кривично дело за кое што им се води постапка како облигаторен дел од содржина, диспозитив на обвинение. Од друга страна, станува збор за директен предлог за определување на мерка притвор без да се бара, во суштина, преиспитување на мерки за претпазливост кои уште се на сила, така што ние во конкретниов случај имаме на сила и мерка за притвор и мерка за претпазливост кои се правосилни и се на сила, што е недозволено по законот. На крајот на краиштата, во однос на овие правни квалификации, постои аболиција, така што барање за нова аболиција нема потреба и останува под знак прашање оваа службена белешка, посебно по известувањето и на претседателот на државата дека таква средба со посредник, за овие две лица, никогаш не била остварена, истакна Миланов во изјава за КУРИР.МК.