понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милчин со остри критики за работата на Заев

Милчин со остри критики за работата на Заев

Поранешниот висок функционер на Социјалдемократскиот сојуз Владимир Милчин во денешното негово гостување на Канал 5 во емисијата Само вистина, жестоко ги критикуваше политиките на Зоран Заев и владејачкото мнозинство во парламентот. Како што рече тој Законот за јазици кој што едногласно го подржаа пратениците на СДСМ не претставува европски приоритет за Република Македонија и може да почека да се изгласа во Собранието.

-Потполно се согласувам со францускиот амбасадор, овој закон нема европски приоритет. Законот мора да почека и тоа ќе даде доволно време за него вистински да се разговара. На пример имам едно прашање секој предлог закон треба да содржи и финансиски импликации за негово спроведување. Не сум видел некаде, барем јас не сум видел можеби пратениците имале увид во тоа, колку пари тоа ќе чини и дали ги има во буџетот тие пари, праша Милчин.

Тој целата ситуација за Законот за двојазичност ја споредува со информираноста на граѓаните кога станува збор за прашањето за името.

-Нас тој закон ни е исто толку јасен, колку што ние е јасно што се случува а преговорите за името. Пак не знаеме ние, грчките граѓани знаат повеќе. Ние сме на некој начин омаловажени во целата приказна како тоа нас да не не засега, потенцираше Милчин.

Според него овие прашања не може да бидат важни само за политичките пазарења, бидејќи Собранието не е за пазар за политички пазарење за прашања кои се важни и чувствителни за граѓаните.

Најнови вести