понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милчин за лицата кои бараат оставка од Мицкоски: Тие се потрошен кадар и немаат кредибилитет да бараат оставка

Милчин за лицата кои бараат оставка од Мицкоски: Тие се потрошен кадар и немаат кредибилитет да бараат оставка

Владимир Милчин, режисер и поранешен претседател на Отворено општество Македонија, вечерва во гостување во емисијата Само вистина на Канал 5, смета дека поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои се јавуваат со барања за оставка на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски немаат право на тоа бидејќи тие се директно виновни и немаат кредибилитет односно како што рече тој тие се потрошен кадар.

Не сум сигурен навистина дека некој од денешното ВМРО, од овие кои што се јавуваат сега што се гласни има право на тоа, со оглед на тоа што сите практично што ги слушаме ние што се гласни се виновни.

Мислам дека немаат кредибилитет и дека таму исто така имаат една ситуација на потрошен кадар, особено оние кои што беа во врвовите додека беше Груевски, вели Милчин.

Најнови вести