среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Миле Јанакиески повторно во болница

Миле Јанакиески повторно во болница

Поранешниот министер Миле Јанакиески денеска повторно бил однесен во градската општа болница 8 Септември на преглед. Извори од семејството за Алфа потврдуваат дека од затворот им кажале дека наредните денови, Јанакиевски ќе биде под лекарски надзор. Според информациите на Алфа, поранешниот министер минатата ноќ се жалел на главоболка и болки во ребрата.

Алфа контактираше со болницата 8 Септември каде ни потврдија дека поранешниот министер бил на преглед во болница каде му бил извршен протоколарен преглед попладнево, но остануваат на ставот дека нема тешки повреди, ниту скршеници.

Од болницата Јанакиески бил пренесен во Кривичниот Суд каде заедно со неговиот адвокат присуствувал на јавната седница по жалба за притворот кој му беше изречен пред два дена. Јавна седница се одржа и за поранешниот министер Спиро Ристовски. Одлуките се уште не се соопштуваат.

Извор: alfa.mk

Најнови вести