петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Бугарија ја искористи погрешната тактика на СДСМ

Милошоски: Бугарија ја искористи погрешната тактика на СДСМ

Во вечерашниот дневник на ТВ Сител пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски истакна дека Бугарија ја искористила погрешната тактика на СДСМ.

„Јас не би го потценил однесувањето на македонската влада, како мотив за ваквото однесување и став на официјална Софија, затоа што вие кога настапувате од позиција на доброволна потчинетост тогаш секој сосед ќе гледа да ја искористи таа потчинетост ако вам не ви пречи како држава и како нација. Така што однесувањето на Заев и потоа однесувањето на Ковачевски, со една сервилност и потчинетост внатре потчинетост кон ДУИ а надвор потчинетост кон официјална Софија мислам дека Бугарија сосема добро ја искористи.Но не треба да значи дека секој следен треба да ја продолжи оваа погрешна тактика, затоа сметам дека Македонија треба да има избори да го даде суверенитетот на одлучувањето кај граѓаните, да си излезат партиите со политички предлози, како овој создаден проблем може да се надмине, и довербата на граѓаните да биде главниот суд“, нагласи Милошоски.

Најнови вести