петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски го покани Ковачевски на Комисија за надворешна политика да се дискутира за последниот предлог со Бугарија

Милошоски го покани Ковачевски на Комисија за надворешна политика да се дискутира за последниот предлог со Бугарија

Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница за пратенички прашања упати прашање до Ковачевски каде го запраша дали би прифатил како претседател на Владата да бидете присутен на Комисија за надворешна политика на која би го поканиле Заев, Османи и  Димитров како гости.

Имено пратеникот Милошоски посочи дека на таа седница ќе се разгледува предлогот кој беше одбиен во Брисел.

-Првото прашање е упатено до претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски и се однесува на една актуелна иницијатива. Вие самиот сега кажавте дека сте свесен дека постои подгревање или кревање на тензиите по однос на македонско-бугарските односи и по однос на политичкиот мобинг би рекол кој што официјална Софија го прави кон Република Македонија во изминативе 2 години. Во тој контекст моето прашање е: Дали би прифатиле како претседател на Владата да бидете присутен на Комисија за надворешна политика на која би го поканиле и претходниот претседател на Владата, Зоран Заев, како човек кој што учествуваше во формулирањето на Договорот со Бугарија, би го поканиле сегашниот министер за надворешни работи, Бујар Османи и неговиот претходник, Никола Димитров како гости? Оваа седница би имала за цел да го разгледа оној предлог кој што вие го одбивте во Брисел, во форма таква каква што е, неофицијална и би имала за цел да направи една поголема кохезија кај сите политички групи во Република Македонија за да имаме посилни позиции, да имаме помалку недоразбирања и да не се создава она кое вие некогаш го именувате како хистерија на експерти или кревање на тензија. Бидејќи во последно време забележувам дека кај дел од овие актери има јавни преписки кои што не придонесуваат за поголема доверба и покохезивна политика кон официјална Софија, рече Милошоски.

Понатаму, пратеникот Милошоски упати прашање до министерката за култура каде ја праша дали таа како член на Владата сметате дека треба да се разреши државниот секретар во министерството за култура, Валмир Азири заради употреба на недоличен речник.

-Моето второ прашање е до министерката за култура и прашањето е следно бидејќи секој член на Влада има право според законите да предложи на претседателот на Влада и на членовите на Влада именување или предлог за разрешување на државен секретар, моето прашање е дали вие сметате дека би било упатно да предложите разрешување на државниот секретар во министерството за култура, Валмир Азири заради употреба на недоличен речник каде што се промовира говор на омраза, повикување на физичко насилство кон одредени пратеници па и кон поширока група на луѓе кој што тој смета дека не размислуваат онака како што  размислува тој, додаде Милошоски.

Најнови вести