Заради пречестото добивање на многу датуми одеднаш, кои ЕУ, Брисел, Софија и Париз почнале на Заев да му ги праќаат како препорачани писма, “богатата и незадолжена” Македонска Пошта распиша оглас за вработување на 280 пошторазнесувачи, пишува на Фејсбук пратеникот Антонио Милошоски.
Нето плата е 17.656 денари, што значи бруто е 26.000 денари, а за буџетот тоа ќе значат нови 120.000 евра месечни расходи. Трошокот од овие 280 вработувања само за следната 2021 година државата ја чини 1.440.000 евра, пари на даночните обврзници.
Во момент кога стопанството е на колена, многу болници се без амбулантни возила, и многу училишта имаат суштинска потреба за реновирање, ваквата одлука на Заев и Макрадули е економски штетна и неодговорна.