Министертвото за финансии-Управа за јавни приходи планира да потроши скоро 10.000 илјди евра за кафе, вода и безалкохолни пијалаци.
Имено на официјалната страна на Јавни набавки стои оглас во кој под назив на договорниот орган е Министерството за финансии- Управа за јавни приходи додека предмет на договорот се вода безалкохолни пијалаци кафе и други производи.
Ова не е прв пат институциите да се однесуваат расипнички со парите на граѓаните. Од кога новата влада дојде на власт институциите се однесуваат раскалашено и ги трошат народните пари непродуктивно.
Со ваквиот однос не се подобрува квалитетот на работењето на институциите ниту граѓаните имаат било каква корист или бенефит. Ваквиот тип на луксузирање и неодговорно однесување на институциите станува секојдневна пракса која не ја води државата кон просперитет.