недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Министерството за правда горело поради човечки фактор?

Министерството за правда горело поради човечки фактор?

Запалена цигара или заборавено решо е најверојатно причина за пожарот во Министерството за правда, пренесува Сител ТВ.

Од МВР за Сител велат дека истрагата е се уште во тек, а по вештачењето на изгорените предмети ќе бидат објавени и првични информации.

Дека пожарот најверојатно е предизвикан од човечки фактор, укажуваат и информациите дека електричната инсталација во зградата на Министерството била исправна.

10-тина дена по пожарот, 4-тиот кат од зградата на Министерството за правда е целосно нефункционален, уништениот инвентар, искршените прозорци и исцрнетите ѕидови и натаму сведочат за огнената стихија која уништи неколку канцеларии и голем број документи.

Од почетокот на неделава службениците се вратени на работа, а во Министерството се извршуваат секојдневните работни активности.

Освен настанатата материјална штета, засега се уште нема официјални информации ниту какви и колку важни документи изгореа во пожарот, со оглед дека целосно уништени се архивата на министерството, сметководството и одделението за меѓународна правна помош.

Најнови вести