недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Министерството за труд и социјална политика во заштита на криминалот во градинката во општина Гази Баба?

Министерството за труд и социјална политика во заштита на криминалот во градинката во општина Гази Баба?
илустрација

Пред повеќе од три недели на прес конференција за медиумите, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски објави скандал за незаконско работење на детската градинка Детска радост во општина Гази Баба.

Во изјавата тогаш, Стефковски информираше дека е спроведена ревизија од овластена надворешна куќа која утврдила 8 наоди за работење спротивно на Закон и истата дава неповолно мислење за работењето на градинката.

Дел од медиумите објавија и официјални документи доставени од свиркачи со кои се потврдуваат наводите дека со пари од градинката се плаќало по ресторани, а на сметките се забележува алкохол и храна за носење и истите се направи по работното време. Дополнително е потврдено дека во градинката бил набавен луксузен мебел за потребите на менаџментот, а вкупните мали набавки кои со Законот за јавни набавки се ограничени на 12.000 евра се надминати.

Постапувајќи согласно Законот за заштита на децата, градоначалникот Стефковски на предлог на Управниот одбор на градинката донел одлука за разрешување на директорката.

По одлуката за разрешување на директорката до медиумите поддршка на одлуката на градоначалникот јавно изразија над 80 вработени во детската градинка, синдикалната организација на СОНК Гази Баба и родители на деца кои ја посетуваат градинката.

Информациите до кои дојдовме се дека Министерството за труд и социјална политика врши упад во системот и застанува во одбрана на незаконското работење на разрешената директорка. Имено, изминатите денови се врши силен притисок за враќање на разрешаната директорка со закана дека доколку не се стори тоа, Министерството за труд и социјална политика ќе ги одземе ингеренциите на општината.

Најнови вести