недела, 5. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Министерството за здравство спие, единствена активност најава на мерки од програмата на ВМРО-ДПМНЕ

Министерството за здравство спие, единствена активност најава на мерки од програмата на ВМРО-ДПМНЕ

Освен препишана постболничка грижа на пациентите, сега препишана и мерката за болни од Алцхајмерова болест, поточно за отворање на Центар/и за овие лица.   Очигледно СДСМ не сопира со препишување на мерките од програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Или единственото нешто што го прави СДСМ е препишување на мерки од програмата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Државниот секретар во министерството за здравство, Владимир Милошев, неодамна обраќајки се на конференција посветена на деменција во регионот на Западен Балкан, која се одржуваше во Сараево најави дека во рамки на клиничката болница во Штип ќе отвори Центар за дијагностицирање и лекување на Алцхајмеровата болест.

Овој центар ќе биде наменет за рехабилитација и натамошна нега на пациентите, ќе соработува со Универзитетската клиника за неврологија од Скопје, како и со Министерството за труд и социјална политика, кои финансиски и организациски ќе придонесат во делот на социјална заштита, односно негата на пациентите.
Инаку, лекувањето на овие пациенти во Република Македонија се одвива по веќе утврдени стандарди и соодветни протоколи, кои обезбедуваат соодветна грижа и нега.

На Универзитетската клиника за неврологија постои софтверски систем каде меѓу другите невролошки заболувања, се евидентираат и се следат пациентите со деменции, вклучувајќи ги и оние со Алцхајмеровата болест. Системот почна да функционира во јуни 2014 година и досега се собрани податоци за 1600 пациенти со Алцхајмерова болест.

Што вели програмата на ВМРО-ДПМНЕ?

-За подобрување на квалитетот на живот на лицата заболени од Алцхајмерова болест, која во последно време претставува најчеста форма на деменција и се јавува кај лица постари од 65 години, ќе се изградат Дневни центри за лица заболени од Алцхајмерова болест во Битола, Штип и Тетово, каде секојдневно преку вежби и специфични активности би се подобрувале когнитивните способности. Ова би било почеток на воспоставување на мрежа на вакви центри низ државата, е мерката предвидена за спроведување од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Тука има и детали како тоа дека ова ќе биде спроведено мај 2018 година. За сето ова предвиделе дека ќе се потрошат 6.000.000 денари.

Најнови вести