понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Минов до Николовски: До каде е постапката на обештетувањето на земјоделците од тиквешијата?

Минов до Николовски: До каде е постапката на обештетувањето на земјоделците од тиквешијата?

Пратеникот Панчо Минов на денешната седница на Собранието изрази незадоволство во однос на процентот на исплата на штетите кои се наменети за земјоделците- лозари во тиквешкиот период. Штетите од мрзнење на земјоделските производи  во тиквешието во 2016 година изнесувал 60% додека утврдената штета изнесувала само 10%.

Минов го праша министерот Љупчо Николовски до каде е постапката за исплата на штетите, па макар и од 10%.

-До каде е постапката на обработка на податоците, каква одлука се очекува да министерството предложи до Владата за процентот за обештетувањето и до кој рок ќе им биде исплатено на земјоделците лозари кои чекаат од 2016 година? , праша Минов и истакна дека исплаќањето на сретства на утврдената штета им е од големо значење  на земјоделците и затоа тој се залага да овие сретства што побргу им бидат исплатени на земјоделците- лозари.

Второто прашање до министерот Николоски беше- кога ќе се овори подрачна единица на министерството за земјоделие во Росомон кое беше и ветување на премиерот Заев?

Минов даде иницијатива да се погледнат искуствата од спроведувањето на ИПАРД програмата во соседните држави каде што ефектите се многу големи и да се разгледа неопходноста од соодветна реорганизација на агенцијата со нејзино доближување до земјоделските региони како што е тиквешијата.

-Искуствата од спроведувањето во ИПАРД програмата во соседните држави, на пример Србија имаме наместо централизирана агенција за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој, имаме многу регионални подрачни единици на оваа агенција републичка за поддршка на земјоделиието и руралниот развој. Ефектите се многу големи од аспект на тоа да се доближе до земјоделецот она што значи изготвување на проектна документација и апликации, покрај за инвестирање, така и по однос на постојните постапки кои се врзани со конкурирање за таканаречени директни плаќања. Јас инсистирам воведувам како дополнително прашање една иницијатива да во рамките на министерството и потоа во влада да се разгледа неопходноста од соодветна реорганизација на агенцијата со нејзино доближување до земјоделските региони како што е и земјоделскиот регион Тиквеш, истакна Минов.

Најнови вести