Не разбирам што е со возбудава околу изјавите на Заев? Покажувате изненаденост од неговите зборови, ставови, дела? Дајте ви се молам не се бламирајте јавно дека дури сега сфативте за каков лик станува збор, пишува Ненад Мирчевски.
-Тој е спремен да признае дека го родила тетка му за личен интерес. Нема ни жица ни влакно чувство за било каква припадност, одговорност, морал, етика, вредности… Да човекот е дно од секој аспект. Но дајте ве молам, да не го преценуваме… За ова што ни се случува не е крив само Заев. Зарем може еден човек колку и да е луд сам по себе да е толку моќен да прави злодела без да сноси одговорност? Нема драги мои. Има влада, има Собрание, има опозиција, има судови, обвинителства, институциии… има народ на крај на краиштата … а всушност се правиме самите луди дека нема никој друг виновен освен Заев. Па Заев не е сам во владата. Не крева два прста во Собрание да носи закони, не се гласа сам на избори… не може сам да си поднесе обвинение, сам да се суди… ама и не може да опстои на власт ако опозицијата не се бојкотира со народот… Сите сме кабаетлии … Заев е луд да се коцка со државата, ама доволно паметен да сфати дека му се може во моментот да прави што сака!!! Зошто би сопрел лудакот кога знае дека нема кој да го сопре? Зошто би сопрел кога не им се плаши? Нит на опозиција нит на народ! Толку му е гајле за нив што може со се партали да ги продаде сите без око да му трепне. А тои што ќе претнат ќе завршат во затвор. Опозицијата и народот пак нека се бојкотираат меѓу себе… Нека чекаат да се измори од крадење и распродавање. До таму сме стигнале. Срам да ни е на сите, пишува Мирчевски.