петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски и Стојаноски: Продолжуваме да работиме за Македонија, ова е само почеток

Мисајловски и Стојаноски: Продолжуваме да работиме за Македонија, ова е само почеток

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ продолжија со активната блокада во македонското собрание.

Имено тие рано изутрина објавија фотографии на своите Фејсбук профили, каде се гледа дека работат до 3 часот наутро.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на својот профил на Фејсбук напиша дека ДУИ и СДСМ не се навикнати на работа, па затоа ја прекинале седницата.

-АКТИВНА БЛОКАДА ❗ 73 -та седница на Собранието на Република Македонија заврши во 03:00 часот. Показната вежба им заврши неуспешно, коалицијата СДСМ – ДУИ никогаш не била по работата. И покрај тоа што инсистиравме да продолжиме со работа, Џафери ја прекина седницата бидејќи од мнозинството останаа само тројца (3) пратеници. Ова е само почеток, порача Стојаноски.

Истото го објави и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, кој пак порача дека продолжуваат со работа.

Најнови вести