понеделник, 1. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски: Последица од лошата политика на Зоран Заев е што денес според Бугарија ние не сме Македонци

Мисајловски: Последица од лошата политика на Зоран Заев е што денес според Бугарија ние не сме Македонци

„Ви текнува Заев во опозиција што велеше? Тој велеше дека не постои Македонец кој што ќе прифати промена на уставното име. Е, тоа е ставот на СДСМ кога беа опозиција. Бидејќи СДСМ многу коментира за ставови. Ама во опозиција велеа и дека не постои човек кој што би го сменил името за внатрешна употреба. Јас поради тоа се плашам дека македонските политичари т.е. власта нема да ја каже вистината што се договориле со Бугарија. Јас не верувам дека они седум саати имале туку така обични разговори“,  истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ вечерва при гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

-Јас се плашам, повторно ќе кажам, дека не стои само оној нон пејпер на маса што го спомнаа вчера неколку медиуми, јас мислам дека нешто повеќе се размислува, се разговара, можеби утре ќе се збори за македонскиот јазик, а по изјавите на Бугари ние не сме Македонци, нашите револуционери не се македонски револуционери, сето ова што се случува е загрижувачки, истакна тој.

Мисајловски додаде дека на ова прашање од национален интерес не може само власта да одлучува тука треба да одлучува цела држава, затоа треба сите партии за ова прашање да се сплотат и да постават црвени линии на преговори. Вели дека ова прашање ги засега сите граѓани во Република Македонија.

„Зар ние немаме суверинитет, зар ние немаме достоинство. Ние сме држава, мора да опстоиме. За вакви прашања мора заеднички да се разговара. Никој вакви услови не треба да ни поставува посебно во 21 век“, појасни Мисајловски.

Мисајловски посочи за сето ова што се случува на Македонија виновна е владата на Заев.

-Се истрчаа, потпишаа договор и прифатија заедничка историја. И сега Бугарија ќе ни бара, ќе ни бара нормално бидејќи Заев им ветувал се и сешто, истакна Мисајловски.

Најнови вести