четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мисајловски се сретна со еден од најдобрите пливачи во Република Македонија: ВМРО-ДПМНЕ во својата изборна програма има голем број на проекти во однос на спортот

Мисајловски се сретна со еден од најдобрите  пливачи во Република Македонија: ВМРО-ДПМНЕ во својата изборна програма има голем број на проекти во однос на спортот

На мое огромно задоволство денеска се сретнав со еден од најдобрите пливачи во Република Македонија, младиот Андреј Стојановски. Заедно со кандидатот за пратеник во ИЕ2 Бојан Стојаноски поразговаравме со него за неговите успеси, предизвици и очекувања во однос на пливањето како спорт во нашата земја. Андреј Стојановски има оштетување на слухот, но и покрај сите потешкотии, неговите успеси се на завидно ниво. Андреј е наш пријател долги години и секоја средба со него ни е драга. ВМРО-ДПМНЕ во својата изборна програма има голем број на проекти во однос на спортот, но исто така и за луѓето со одредени оштетувања, односно за луѓето на кои им треба одредена помош или асистенција во секојдневното функционирање, пишува во својата објава носителот на листат на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2 Владо Мисајловски.

Андреј Стојановски е нашата гордост и наша должност е како на него, така и на сите останати спортисти, да им овозможиме услови за нивно понатамошно развивање.

Обновата ќе се случи во секој слој од општеството.

Обновата доаѓа насекаде!, дециден е Мисајловски.

Најнови вести