Согласно Правилник за урбанистичко планирање, коловозна лента на булевар треба да има ширина од 3 до 3.5m.
Петре Шилегов намерно или поради незнаење, единствениот булевар кој го направи во Аеродром, го направи спротивно на правилникот.
Со ова максимално е загрозена безбедноста во сообраќајот и се поставува прашањето дали ваков булевар смее да биде пуштен во употреба.
Надлежните инспекторати треба сериозно да го разгледаат овој проблем и да се забрани за употреба овој дел од булеварот, додека не се отстранат неправилностите.
Дали 1m булевар е наплатен и не е направен или пак е погрешно проектиран треба да одговори Град Скопје.
Неспособноста во реализација на инфраструктурни проекти се покажа и тука.
Фејсбук статус на Дејан Митески