сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митески: Шилегов намерно или поради незнаење, единствениот булевар кој го направи во Аеродром го направи спротивно на правилникот

Митески: Шилегов намерно или поради незнаење, единствениот булевар кој го направи во Аеродром го направи спротивно на правилникот

Согласно Правилник за урбанистичко планирање, коловозна лента на булевар треба да има ширина од 3 до 3.5m.
Петре Шилегов намерно или поради незнаење, единствениот булевар кој го направи во Аеродром, го направи спротивно на правилникот.
Со ова максимално е загрозена безбедноста во сообраќајот и се поставува прашањето дали ваков булевар смее да биде пуштен во употреба.
Надлежните инспекторати треба сериозно да го разгледаат овој проблем и да се забрани за употреба овој дел од булеварот, додека не се отстранат неправилностите.
Дали 1m булевар е наплатен и не е направен или пак е погрешно проектиран треба да одговори Град Скопје.
Неспособноста во реализација на инфраструктурни проекти се покажа и тука.

Фејсбук статус на Дејан Митески

Најнови вести