среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митева: Средбата со Пендаровски е по барање на Мицкоски, тоа претставува државнички чин

Митева: Средбата со Пендаровски е по барање на Мицкоски, тоа претставува државнички чин

– Заедно со моите колеги Димче и Наум ќе продолжам го одам патот кој што тие веќе го одат. Работа има за сите, со целата оваа ситуација која што се случува во државата и со волку скандали на дневно ниво јас мислам дека и тројца портпароли се малку за да ги покријат сите настани“, истакна Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ за „Утрински Брифинг“.

Митева додаде дека средбата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Пендаровски е по барање на претседателот Мицкоски.

– Средбата е на барање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и јас можам да кажам дека тоа за мене претставува државнички потег. За тоа што кога претседателот на државата и лидерот на најголемата политичка партија и на најголемата пратеничка група во Собранието ќе седнат да разговараат и ќе имаат исти ставови по однос на неправедно осудените од 27-и април и за актуелната политичка и економска ситуација. Јас искрено се надевам дека ќе имаме позитивен исход од тоа и дека ќе произлезат мерки кои што во иднина ќе донесат позитивни резултати, рече Митева.

Митева посочи дека треба да се почека да се види како ќе се одвива средбата па дополнително детали ќе се има во петок.

Најнови вести