среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Бектеши ја брани одлуката за спојување на рудниците затоа што штитат приватна компанија блиска до нив, на сметка на интересот на граѓаните

Мицкоски: Бектеши ја брани одлуката за спојување на рудниците затоа што штитат приватна компанија блиска до нив, на сметка на интересот на граѓаните

Бектеши ја брани одлуката за спојување на рудници, пола влада вели дека била излажана. Имаа владина седница пред некој ден ни „а“ ни „б“ поврзано со концесијата и секој ден ги гледаме лажат ли лажат, подлабоко запаѓаат во мочуриштето, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната средба со Стопанска комора на Македонија одговарајќи на новинарско прашање за рудникот Иловица.

Мицкоски потенцира дека тука се е јасно, односно дека владата брани приватен интерес на компанија која е блиска до ДУИ и оди против интересот на граѓаните од тој крај.

– Јасна е тука целата ситуација, а тоа е дека се брани приватен интерес на сметка на колективниот интерес на граѓаните во тој регион. Многу е јасна конјуктурата на проблемот и граѓаните знаат кој е тука вистинскиот проблем, кој е оној кој ги штити нивните права и интереси, а кој го штити правото и интересот на приватниот инвеститор кој е близок до оваа влада и е близок до ДУИ, рече Мицкоски.

Најнови вести