среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Градоначалникот на Градско работи посветено, реализирано е бесплатна градинка за сите дечиња, а за скоро и бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение

Мицкоски: Градоначалникот на Градско работи посветено, реализирано е бесплатна градинка за сите дечиња, а за скоро и бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение

Денеска сме овде во Градско и можам да кажам дека и покрај тоа што Општината можеби е од помал обем кога станува збор до жителите на општина Градско, но сепак со една храбра, посветена и чесна работа од страна на градоначалникот овдека, Кире заедно со администрацијата, со советниците прави нешто кое што досега не било запаметено. Односно немало ни можност да се помисли да се направи, но еве се прават проекти, се работи и се прават дополнителни проекти кои што во периодот кој што следи ќе бидат исто така сработени, а кои што ќе значат додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните овдека во Градско, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Како и сите градоначалници кои што се избрани, доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ така и овде во Градско имаме огромни притисоци од страна на Владата, несоработка, за жал морам да констатирам дека на тој начин си го казнуваат сопствениот народ, граѓаните во сопствената држава и неодговорно се однесува Владата. Но, и покрај тоа Кире е доволно мотивиран и заедно со советниците, администрацијата овдека да направи нешто што е невозможно односно самиот кажа од општинскиот буџет имаме бесплатна градинка, а од скоро ќе имаме и бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение. Нешто што за првпат се прави во Македонија и јас му честитам и му посакувам само така да продолжи. И на тој начин ќе покажеме и разлика дека не се сите исти. Додека некои крадат, другите работат. Додека Владата на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ упорно краде и ја уништува Македонија, градоначалниците и Општините каде што имаме кадри на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат разлика и работат.

И само напред, само храбро, за неколку месеци од денеска ќе имаме нова Влада, Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која што ќе ги поддржува општините без разлика дали таму градоначалникот е од ВМРО-ДПМНЕ, дали е од СДСМ, дали е од ДУИ, Алијанса или некоја друга политичка партија, БЕСА, итн. Ние сме фокусирани на целата територија на Македонија без разлика во која општина каков градоначалник е, и од која политичка партија доаѓа или е независен, не е политички определен. Нас нѐ интересира квалитетот на живот на секој еден граѓанин без разлика на етничката и политичка припадност или политичка неприпадност бидејќи имаме многу наши сограѓани кои што се политички независни.

Така што само со ваков тип на проекти и реализација на истите ние можеме да покажеме разлика и со дела да ја сакаме Македонија“ – порача тој.

Најнови вести