вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Македонија не е на распродажба, нема да дозволам да се прави крпа од волјата на народот

Мицкоски: Македонија не е на распродажба, нема да дозволам да се прави крпа од волјата на народот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача дека ќе оди на лидерска средба и во името на огромното мнозинство на народот кој бара заштита и очекува застанување на нозе, ќе каже дека Уставни измени, прифаќање на бугарски диктат нема да има.

-Цела седмица гледаме една сапуница, каде со доза на напнатост од медиумите, се дознава дали премиерот ќе испрати официјална покана за лидерска, па потоа дали Али Ахмети ќе се согласи Ковачевски во четири очи да разговара за иднината на својата држава, за на крајот дали раководството на СДСМ ќе има доволно храброст и доверба во својот претседател Ковачевски да го пушти на една таква средба. Една суштинска средба за иднината на државата се претвори во борба за перцепција на власта која е вистински неважна во пресрет на сериозноста на времињата и тешката позиција на Македонија, рече Мицкоски.

Мицкоски порача дека Македонија не е на распродажба!

-Нема да дозволам да се прави крпа од волјата на народот како што тоа го прави власта, ниту пак да дозволам да газат по националните интереси. Македонија не е на распродажба, рече Мицкоски.

-Прво е навистина неточно тврдењето дека ако не сме прифателе Уставни измени државата влегувала во изолација. Не може да влеземе некаде каде веќе се наоѓаме. Државата е веќе во изолација, а до тука сме поради тоа што владеат со криминал, и прават предавства на секој чекор. Секоја година ни велат дека сме почнале преговори со ЕУ, а преговори никаде нема. И така седејќи во чекалницата на ЕУ најлесно им е да кажат дека уставните измени ако не се донеле готово е нема веќе ЕУ, со кои патем нема ни преговори. Второ, гледам дека од СДС не повикуваат да сме ги заштителе националните интереси и да сме прифателе уставни измени. Дозволете да прашам од кога тоа прифаќање на диктати од оние кои не не признаваат како народ, промена на устав, без заштита на идентитет и јазик преставува заштита на национални интереси, истакна Мицкоски.

Тој порача дека очигледно опозицијата и власта различно ги поимаат националните интереси.

-Трето, голема невистина е тезата на власта дека од овој немало подобар договор и потполно е неточно тврдењето дека сега е моментот за исчекор. На овие кои се излажаа до сега зарем да им веруваме дека сега ја говорат вистината? Сигурно можам да ви потврдам дека Македонија во минатото имала и шанси за подобар договор и дека секогаш кога се наметнувал моментумот сега или никогаш, Македонија ги доживувала најсилните разочарувања. Од тоа сега или никогаш состојбата на Македонија е драматично влошена а по 32 години независност ние збориме за есенцијално загрозени темели на државата. Да не се верува во овие убаво завиткани данајски подароци на СДС и ДУИ спрема народот кој има за цел да го оправда фијаското кон кое забрзано ја туркаат државата. Четврто, од власта да трошеа енергија за убедување на меѓународниот фактор за подобри позиции за Македонија колку што сега трошат бесцелно време за кодошење на државата, убеден сум дека заеднички ќе постигневме многу повеќе, зошто кога е во прашање одбрана на национални интереси ВМРО-ДПМНЕ може да биде само сојузник, независно дали некоја партија е власт или не. Мене ме интересира многу повеќе судбината на мојот народ од мојата лична кариера, порача Мицкоски.

Најнови вести