понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски на средба со Дрекслер: Најдобро решение од овој ќорсокак се брзи избори

Мицкоски на средба со Дрекслер: Најдобро решение од овој ќорсокак се брзи избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот и пратеник Александар Николоски остварија средба со Амбасадорката на Сојузна Република Германија Петра Дрекслер во Република Македонија.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и евроинтегративниот процес на земјата.

На средбата станало збор за одличната соработка која Македонија и СР Германија ја имаат, особено на полето на економијата.

Германија е најголем трговски партнер на Македонија, а германските инвеститори се едни од најзастапените странски претприемачи во Македонија.

-Таа соработка треба да продолжи и понатаму и истата уште повеќе да се унапредува, особено на полето на економијата, но и образованието, поле на кое Македонија треба посеветено да работи. Без квалитетно образование, нема квалитетна иднина, а од Германија на тоа поле може да се научи многу. Воедно од Германија доаѓа и Фондацијата Конрад Аденауер, која е голем партнер на ВМРО-ДПМНЕ и значаен чинител во борбата за подобрување на системот во Македонија преку бројни проекти за унапредување на демократијата. Констатирано е дека Македонија и Германија во својата соработка бележат само позитивни резултати, кои се од бенефит за двете држави. Изразив желба за уште поголема соработка, и побара уште позасилена поддршка од Германија за Македонија, истакна Мицкоски по средбата.

Мицкоски рече дека во услови кога власта е делегитимирана и нема ниту поддршка од граѓаните, потребно е одржување на предвремени парламентарни избори кои што ќе значат излез од овој ќорсокак во кој владата на СДСМ и ДУИ ја втурнаа државата.

Воедно, Мицкоски изрази голема благодарност за исклучително добрата соработка и поддршка од страна на Сојузна Република Германија кон Македонија.

Соговорниците на крајот искажаа заемна согласност ваквите средби да продолжат и во иднина.

Најнови вести