петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Палењето на возилото на Груби е криминална пресметка, истото е регистрирано на лице од 35 години, а тој вели дека е на бизнисмен кој работи 30 години, возилото имало флешери и Груби го возел без да праша како МВР дозволило тоа

Палењето на возилото на Артан Груби е криминален чин кој најверојатно претставува криминална пресметка. Палење на возило е криминален чин, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Битола, а одговарајќи на новинарско прашање во врска со палењето на возилото кое го возел вицепремиерот Артан Груби.

„Не гледам зошто толкава возбуда кај лицето чие возило беше запалено. А начинот на кој е направено тоа наликува на криминална пресметка бидејќи прво сопственик е лице кое има 35 години, а лицето на кое му е запалено возилото вели бил успешен бизнисмен 30 години, потоа тој некако тајно успеал да инсталира флешери со кои се добива предимство во сообраќајот, а лицето Артан Груби не бил информиран понатаму како МВР го дозволило тоа“, рече Мицкоски.

Тоа, додаде Мицкоски, се сплет на настани поврзани со криминален чин.
„И наместо да ја преземе одговорноста, тој го повикува ВМРО-ДПМНЕ, мене лично. Времето ќе покаже кој бил во право“, укажа Мицкоски.

Најнови вести