„Последните анкети кои што ние како политичка партија ги правиме секој месец по една теренска и по една телефонска анкета, морам да кажам дека покажуваат за првпат разликата помеѓу нас и СДС да е многу повеќе и од два пати. Последните бројки кои што ги добивме овој месец се 24 наспроти 11 проценти. И тоа е огормна доверба и огромно очекување на граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при гостувањ во ТВ Тера.
Мицкоски додаде дека тенденција на партијата е довербата кај граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ да расте.
„Значи вие кога имате толкава предност, тоа и ве обврзува и треба и ние да се замислиме во ВМРО-ДПМНЕ, и добро да се екипираме затоа што граѓаните ќе имаат огромни очекувања и брзи очекувања во идната Влада која што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи“, заклучи Мицкоски.