четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Потегот на ДУИ со оставки е големо ништо, маневар за дефокус од скандалите кои ги потопија

Мицкоски: Потегот на ДУИ со оставки е големо ништо, маневар за дефокус од скандалите кои ги потопија

Планот на власта е да дојдат до редовни избори односно како уште неколку месеци повеќе да останат на позицииите каде што, да можат да испокрадат уште малку од тоа што може да се испокраде и тоа е суштината. План таму не постои друг, бидејќи сетоа она то гледаме што се случува на дневно ниво е токму тоа ден за ден да се купи, да се направи нешто со кое што уште некој месец ќе премостат до редовните избори, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“.

Претседателот Мицкоски во врска со поднесување на оставките од страна министрите од ДУИ потенцираше дека тоа е политички маневар за да се дефокусира јавноста од скандалот со Соравиа, со аудито и слично.

-Многумина тоа го нарекоа потег, но јас се чудам зошто во суштина се придава значање на нешто кое во најмала рака не е ништо, зошто тоа нешто не е ништо. Денеска слушнавме од Бујар Османи дека тие утре лично ќе ги потпишале оставките со одложено дејство и ќе ги ставеле на маса кај мандатарот, кај премиерот Димитар Ковачевски. Такво нешто правото, процедурите не познаваат, таква методологија, таков начин на поднесување нити пак правото, ниту пак процедурите во Македонија согласно тоа кое што се прописи, закони и процедури не познава. Ова е чисто некој политички маневар за да се дефокусираме, да не збориме сега за аудито, за Соравија, да не збориме за имот по западна Македонија и така натаму, а од друга страна еве направиме нешто кое што нас ке ни купи уште некој ден повеќе па потоа ќе има нешто друго и така натаму, рече Мицкоски.

На крај претседателот Мицкоски порача дека потегот од ВМРО-ДПМНЕ ќе го видат на 18 август.

Најнови вести