Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска беа во посета на Трпејца.
„Заедно со градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков бевме во посета на Трпејца која што ќе добие нова канализациона мрежа и колекторски систем за што ќе се инвестираат речиси 2 милиони евра, со што ќе се реши повеќедецениски проблем на жителите од ова населено место и проект кои со години беше ветуван и нереалзиран.
По промената на власта новата Влада од централниот буџет ќе издвојува до 250 милиони евра за развој на општинската локална инфраструктура, канализации, водоводи и други важни потреби на граѓаните. Во Охрид на годшино ниво ќе се инвестираат по 8 милиони евра.
Па така освен нов кокелекторски систем и канализација во Трпејца, исто такви капитални инвестиции ќе има и во Долно Лакочераи, ќе изградиме ново училиште Глигор Прличев, нов градски плоштад кај стариот Чинар, нова катна гаража, како и почеток на нов водовен систем “свињишки извори” со што Охрид ќе добие решение за квалитетно водоснабдување за наредните неколку децении. Важно е! Од сите вас зависат промените“, стои во неговиот пост на Фејсбук.