недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Млад земјоделец со порака до Заев: Срамна и жална е твојата лицемерна политика кон земјоделците

Млад земјоделец со порака до Заев: Срамна и жална е твојата лицемерна политика кон земјоделците

Младиот земјоделец Панде Ѓоршевски реагира по денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ и екс-премиер Зоран Заев.

Неговиот статус го пренесуваме во продолжение:

Вака сега,мене две работи не ми се јасни и ќе го замолам Зоки да ми одговори ама и Заев да потврди, ако можи.
1. Дали мислиш дека ние кои произведуваме МАКЕДОНСКА храна, со многу пот и мака, и уште поголема мака за да ја продадеме по бедни цени треба конечно да не испочитуваш и да мислиш на нас а не да држиш голи прес конференции каде ни држиш предавања за како да се однесуваме ние земјоделците?
2. Знам дека веќе не си земјоделец, сега си функционер и наместо мотиката или што и да е друго,држиш пенкало, но мене не ми е јасно како и каде мислиш дека ќе го продадеме тоа што не советуваш да го сработиме сега?
Срамна и жална е твојата лицемерна политика кон земјоделците сите овие години… особено кон нас,младите земјоделци. Ни во вакви услови, ЗА НАС ПОМОШ нема никаква! Границите блокирани,пазарите затворени-јаболката скапуваат.
Ниту ти е гајле за тој бруто домашниот ПРОДУКТ, ко што велиш, ниту за нашата храна произведена со пот и мака.
Затоа убаво велиш: “остани дома и спаси не СИТЕ НАС! Ама од тебе…
Ќе си почекаме за подобро утре, порача тој.

Најнови вести