вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Моќна македонска порака од коментаторот на денешниот натпревар, неговите зборови како круна на победата

Моќна македонска порака од коментаторот на денешниот натпревар, неговите зборови како круна на победата

Спортскиот коментатор Тони Стојановски на крајот од историскиот натпревар на македонските фудбалери, на публиката и се обрати со моќни зборови!

“Кога нè оспоруваат: и име.. и презиме.. и нација.. и ген… eве нè во Европа! Меѓу сите тие што ги описменивме. Ќе нè дочекаат наредниот јуни, ќе ја поздрават нашата репрезентација. Ќе стојат мирно на нашата химна! Ова е порака од сите: православни христијани, Македонци, Албанци, Турци што играат за оваа репрезентација: Дека нашата држава треба да ја чуваат тие што ja водат – и едните, и другите, и третите и четвртите! Ова е голема победа за Македонија! Ова е победа за радост на душата. Да цитирам зборови од нашата поезија: СЕГА ДУШАТА СЕ РАДУВА ЗАТОА ШТО ИМА ,ЗОШТО ДУША ДА Е! ОВАА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЖИВЕЕ! ЌЕ ЖИВЕЕ УШТЕ !!!” – истакна коментаторот.

 

Најнови вести