петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МОН ги објави списоците за сместување во студентските домови со доцнење од пет дена откако студентите излегоа на протест

МОН ги објави списоците за сместување во студентските домови со доцнење од пет дена откако студентите излегоа на протест

Изгледа потребно беше студентите да излезат на протест за Министерството за образование и наука, со пет дена задоцнување да ги објави резултатите од конкурсот за сместување на студентите во студентските домови.

Од министерството информираат дека резултатите конкурсот за прием на студенти на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во  Република Македонија за студиската 2018/2019 година се објавени на интернет страницата www.mon.gov.mk.

Приговори по однос на резултатите се доставуваат во рок од 5 дена од денот на објавата.

Инаку, студентите утринава гневни и револтирани од состојбите во образованието во Република Македонија излегоа на протест, а причина беше токму доцнењето со објавувањето на списоците, кои доцнат, а поради тоа студентите не можеа да обезбедат легло во тек на сесија за полагање.

-Секоја година излегуваат на 31 август, а сега веќе е четврти септември, а не сме ни почнати со вселувањето. Студентите одат со куфери, бидејќи некои имаат за полагање, а не сме ни сместени во домот, вели еден од студентите кои денеска протестираа пред Министерството за образование.

Друг студент пак вели дека вчера биле во министерството од каде им било кажано дека минути се во прашање за резултатите да бидат објавени, но дека се уште нема ништо.

-Чекаме веќе два дена, од вчера сабајле, седевме во управат во Кузман додека да заврши работното време и денеска од сабајле сме пак во студентските домови, ама нема никаква информација кога ќе добиеме резултати. Значи чекаме веќе многу време, чекаме пет дена, вели една студентка.

Уште една студентка се пожали за состојбата.

-Ништо, ќе останеме да си чекаме, сепак ние сме студенти. Нашиот глас дали ќе се слушне, дали не не знаеме, а имаме за учење, зошто професорите нема да не прашаат кога сме учеле како сме учеле, дали сме учеле, туку треба да покажеме знаење. Единствено што бараме е легло, за да одиме да учиме, вели уште една студентка.

Тие се жалеа дека од министерството се уште ништо не им кажувале, дека резултатите ќе бидат те за еден час, те утре.

Најнови вести