недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Монтажни болници нема, бидејќи на Заев и Филипче помили им беа тендерите отколку здравјето на граѓаните“

„Монтажни болници нема, бидејќи на Заев и Филипче помили им беа тендерите отколку здравјето на граѓаните“

Лицемерноста на СДСМ нема крај. Центарот за комуникации на СДСМ во обид да ги заштити Заев и Филипче пишуваат лажни соопштенија, ова денеска преку реакција на соопштението на СДСМ го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Филипче сам ветуваше дека до крајот на август ќе има 16 монтажни болници кои ќе помогнат во справување со КОВИД-19. Но на Филипче и Заев помили им беа тендерите отколку заштита на здравјето на граѓаните. Здравствениот систем поради неспособноста на Заев и Филипче е колабиран. Денес здравствениот систем се соочува со недостиг на заштитна опрема, недостаток на место, имаме исцрпени медицински лица, а граѓани умираат на пат до болница или во ходници. Се почести се апелите за помош и собирање донации, по социјалните мрежи, за своите најблиски да ги лечат во приватните установи. Граѓани се заглавуваат во кредити, за да најдат лек во приватно здравство, стои во реакцијата.

Од партијата додаваат дека Филипче, како министер, не решава проблеми затоа што тој е проблемот. Токму затоа, Филипче веднаш треба да понесе одговорност! Филипче, оставка веднаш!

Најнови вести