По предлог на Здружението на Украинците во Македонија, „Лесја Украинка“ утре Македонската православна црква, Исламската верска заедница, како и Католичката црква ќе одржат молитви за мир во Украина и воопшто во светот.
– Во војната во Украина веќе загинаа илјадници луѓе од различна националност и верска припадност,крвопролевањето секоја минута продолжува. Поради тоа здружението на Украинци во Македонија „Лесја Украинка“, со дозвола на верските заедници во земјата, ги повикува верниците од различна вероисповед да се придружат кон организираните религиски обреди со молитви за мир во Украина и во целиот свет, се наведува во соопштението.
Секоја верска заедница ќе организира молитва во својот храм и со своите верници.