Градоначалникот на општина Аеродром Тимчо Муцунски, вечерва беше гостин во дебатата на телевизија Клан. Муцунски зборуваше за поразот на власта на овие избори, недовербата на граѓаните кон оваа власт како и за спорот со Бугарија и кажа дека таму, постојано се повторува фактот дека резолуцијата е обврзувачка и дека тоа е патеката по којашто ќе се движи бугарската надворешна политика, што не може да се слушне истото и кај нас од носителите на крупните политики во однос на надворешната политика. Како да се избегнува таа тематика и дека токму ваквите попустливи потези и слабостите во другите сфери на оваа влада, се резултат за ваквото разочарување на граѓаните.
– Нашите граѓани имаат недоверба кон политичкиот естаблишмент заради општо разочарување кое се случувало во минатото. Сите анкети на мерење на јавно мислење покажуваат дека најголемата недоверба кај младите, кај генерациите кои треба да почнат да преземат одговорност во државата не само од политичка гледна точка, туку и во бизнис, култура и во секоја сфера на општествено дејствување. И доколку продолжи ваквиот начин на владеење на централно ниво, барем јас сакам да верувам дека на локално ќе ги промениме работите, но јас не можам да верувам дека нема некој сличен во СДСМ со неколку променети поединци ќе има капацитет да создаде промени. – вели Муцунски.
Муцунски продолжи и рече дека доколку и премиерот бил преокупиран со решавање на круцијалните одлуки, веројатно дека со Грција и Бугарија не преговарал и министерот за финансии, не преговарал вице-премиерот за економски прашања, министерот за економија итн.
– Фактот што премиерот преговарал, видовме и тоа преговарање што донесе и каков резултат имаше таа попустлива надворешна политика, само порази, не може да биде оправдување дека поради тоа немало успех во образованието – гледаме секојдневен хаос во образовниот систем кој што е создаден, гледаме што се случува во здравствениот систем, во системот за социјална заштита, гледаме што се случува во европските интеграции – застој од ресор до ресор. Затоа, проблемот е што ние цело време сме на полето на демагогијата, на полето за разговор за високи политички теми, а го изоставуваме фактот што кај луѓето опипливите проекти се тие кои создаваат повисок степен на благосостојба и доколку се пристапи со позитивни политики кон решавање на проблемите со кои граѓаните секојдневно се соочуваат, ќе ја вратиме довербата. – кажа Муцунски.