сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Муцунски на средба со директорот за Јадранот и Западниот Балкан во Министерството за надворешни работи на Италија, Касконе

Муцунски на средба со  директорот за Јадранот и Западниот Балкан во Министерството за надворешни работи на Италија, Касконе

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски денес оствари средба со Андреа Касконе, Директор за Јадранот и Западниот Балкан во Министерството за надворешни работи на Италија.

На средбата Муцунски истакна благодарност за принципиелната поддршка од страна на Италија кој ја дава на Република Македонија на нејзиниот пат кон членство во Европската унија.

Потпретседателот Муцунски пред Касконе ја потенцираше и поддршката која ВМРО-ДПМНЕ несомнено ја дава за побрзо отворање на пристапните преговори со Европската Унија врз основна на европски вредности и критериуми.

Соговорниците се согласија дека соработката ќе продолжи со интензивна динамика во насока на унапредување на односите меѓу двете земји.

Најнови вести