четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Муцунски: Продолжуваме по принципот на отворени транспарентни општини, фокусот за 2023 година ни е на образованието, младите, спортот и инфраструктурните инвестиции

Муцунски: Продолжуваме по принципот на отворени транспарентни општини, фокусот за 2023 година ни е на образованието, младите, спортот и инфраструктурните инвестиции

Ви благодарам за покажаниот интерес за ваше присуство за денешниот настан, денес сме во општина Аеродром заедно со претседателот Мицкоски да го продолжиме овој принцип на отворени транспарентни општини, рече на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

-Ние и претходната недела и оваа недела продолжуваме прво да презентираме пред граѓаните предлог буџетот за 2023-тата година но истовремено да слушнеме од нив и нивни идеи нивни предлози кои што се уште во оваа фаза би можеле да ги инкорпорираме пред да дојде моментот кога кон крајот на месецот ќе го донесеме буџетот на општината за следната година. Оваа година имавме успешна година со повеќе капитални инвестиции, повеќе инвестиции насочени кон образованието, кон спортот кон младите но сакаме 2023 година да биде уште поуспешна година. Фокусот ни е на образованието и младите инфраструктурни инвестиции како што се две нови градинки доградба на две основни училишта, продолжување на успешните проекти од оваа година и голем број работи кои што се во интерес на општина Аеродром и на сите аеродромци, истакна Муцунски.

Така да остануваме фокусирани на реализација на нашата програма од последните локални избори за општина Аеродром да има поубав живот за сите граѓани кои што живеат на нејзина територија, додаде тој.

Најнови вести