Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 06.09.2019 во времето од 06,00 до 24,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 45 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се 25 останати прекршоци за кои се издадени 14 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај на 06/07.09.2019 во времето од 18,30 до 01,30 часот спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 12 возачи. Покрај тоа, задржани се два мотоцикли за натамошна постапка за проверка на техничка исправност. Откриени се 22 останати прекршоци за кои се издадени 11 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози.