За прв пат во Македонија, успешно се изведе една од најтешките и најкомплексните операции на срце кај деца. Операцијата ја извете икусен тим предводен од Академик доктор Жан Митрев.
Се работи за т.н. тотална транспозиција на главни крвни садови, една од најкомплексните аномалии на срцето, со која сите крвни садови излегуват обратно од срцето, со тоа крвта циркулира во обратен правец, овие деца се сини и заради недостаток од кислород умираат набрзо после породувањето.
Во овој комплексен исклучително тежок оперативен зафат немаше ниту еден странец или советник на ниедна позиција.
-Пред скоро еден месец детето беше оперирано кај нас со исклучиво наш тим. Бебето беше оперирано како итен случај во многу тешка состојба. Операцијата којашто беше направена на ова бебе се смета за една од најтешките операции во кардиохирургијата и во аномалиите на срце посебно. Ваква операција до сега не била извршена во државава и кај нас воопшто … Операцијата помина добро и наскоро бебето ќе замине дома со своите родители. Ова бебенце тогаш имаше 2, 9 килограми и помина низ сите тие стадиуми и перипетии на интензивна нега континуирано следејќи ја состојбата со персоналот којшто ја споведуваше постоперативната нега. Детето сега е тргнато од сите апарати, се храни добро и напредува добро и веќе е 3 килограми и 200 грама што значи еден добар напредок. Тоа е веќе со мајката и се прилагодуваат едни на други и за некој ден планираме да бидат пуштени дома. Ова е еден од најголемите предизвици во кадиохирургијата и јас сум посебно горд и задоволен што сето ова беше направено исклучиво од нашиот искусен тим во однос на сите овие процедури и третманот. Со ова покажуваме дека сме подготвени за големи предизвици во детската кардиохирургија, потенцираше доктор Жан Митрев.