За само 25 дена, среде најголемиот досегашен наплив на коронавирусот, Македонија треба да оди на избори.
Кон ова води најновата насилничка одлука на владата на техничкиот премиер Спасовски, кој очигледно ги исполнува некрофилските желби на својот лидер Зоран Заев. Звучи морбидно и без никаква почит кон огромниот број луѓе кои денеска ги загубија животите, но на ден со дури 7 починати и 125 заразени од само 1027 тестирани, т.е. одгромни 12.25% заразени од тестираните, Спасовски и неговата влада, со исклучок на Чулев носи одредба со која на 5.јули 2020.година се оди на избори?!
Во штурото соопштение од Илинденска бр. 2 се вели:
На денешната седница Владата усвои дополнување на уредба со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес со која се задолжува МВР во рок од еден ден да ги достави листите на државјани кои поднеле барање за издавање на нова лична карта или пасош како и листата на државјани кои ќе направат 18 години до денот на изборите или 22 дена по завршувањето на вонредната состојба.
За оваа одлука гласале сите членови на владата со исклучок на техничкот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.
Со оваа одлука ДИК се задолжува да ги преземе сите неопходни активности за подготовка на изборниот процес согласно изборниот законик. Со истата одлука министерството за здравство се задолжува да ги обезбеди сите неопходни средства за заштита за членовите на избирачките тела.
Доколку вонредната состојба не биде продолжена по нејзиното истекување, согласно 0ваа одлука изборите ќе се одржат на 5 јули.