среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На крузерот во карантин во кој има македонски државјани потврдени нови случаи на Ковид-19

На крузерот во карантин во кој има македонски државјани потврдени нови случаи на Ковид-19

Јапонското Министерство за здравство денеска соопшти се потврдени 39 нови случаи на Ковид-19 на крузерот кој е во карантин во јапонското пристаниште Јокохама, со што вкупниот број на заразени достигна 174.

Министерството исто така соопшти дека вирусот, кој вчера беше именуван како Ковид-19, е потврден и кај службеник кој бил вклучен во првичните карантински контроли ноќта кога бродот „Дајмонд Принцес“ се врати во пристаништето Јокохама во близина на Токио на 3 февруари. Службеникот се лекува во болница. Бројот на заразени со Ковид-19 во Јапонија сега изнесува 203 лица.

Инаку, до вчера утрото немаше некоја измена, односно иако расте бројот на заболени од вирусот внатре во бродот во пристаништето во јапонскиот град Јокохама, тројцата македонски државјани кои работеле на бродот не се меѓу заболените.

Загриженоста поради вирусот пренасочи и откажа и други крстарења. Крузерот Вестердам со 2.257 патници и членови на екипаж сега се наоѓа во Тајландскиот Залив и нема каде да се закотви откако му беше забранет влез во Јапонија, Тајван, Филипините и Тајланд.

На бродот нема потврдени случаи на вирусот, но тој бил во Хонг Конг пред помалку од две недели, што е во рамките на периодот на инкубација на вирусот.

Ковид-19 е коронавирус кој се појави во Кина во декември минатата година.

Во Кина од вирусот досега починаа 1.113 лица, а заразени се 44.653 луѓе.

Најнови вести