Во ек на пандемија денес иако е неработен ден и државен празник врие по градските автобуси низ Скопје. Според сликите кои што граѓаните ги споделуваа низ социјалните мрежи може да се увиди дека си дишеа во врат.
Според најновиот протокол дозволено е по градските превози да е исполнет екипажот до 70-80%. Но, по сликите може да се забележи дека има повеќе и од 100%. Оваа слика само потсеќа како се возеа Скопјани пред пандемијата Ковид-19.
Граѓаните прашуваат дали се оставени веќе сами на себе да се грижат, бидејќи ова сето е спротивно од протоколите кои министерството за здравство и Комисија за заразни болести ги носи.
„Кај е министерот за здравство да види што се случува по автобусите низ Скопје? Дали ќе има одговорност за ова? Поради несовесните луѓе, но и поради неспособноста на министерот ние сме изложени на ризик“, нагласи еден од патниците кој што се возеше во автобусот на ЈСП.
Според сликите може да се согледа дека граѓаните се оставени сами на себе да се справуваат со пандемијата. Ова не е прв случај што излегува по социјалните медиуми. Но изгледа гласот на граѓаните не допира до ушите на надлежните.