петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

НА ТРАГЕДИЈАТА И НЕМА КРАЈ: По младите браќа, сега почина и нивниот дедо од коронавирус, неодамна тие останале и без столбот на семејството!

НА ТРАГЕДИЈАТА И НЕМА КРАЈ: По младите браќа, сега почина и нивниот дедо од коронавирус, неодамна тие останале и без столбот на семејството!

На ковид одделение во Кавадарци починал дедото на двете момчиња кои претходно починаа на Инфективната клиника. Оваа информација дополнително ја растревожи Тиквешијата, откако претходно ја обзеде жал по 26 и 21 годишните млади кавадарчани.

– Точно е дека на ковид одделението почина лице со истото презиме и на истата адреса како и момчињата, за МИА утрово потврдија од кавадаречката болница.

Оттаму велат дека две лица починале на тоа одделение во изминатите 24 часа, со многу сериозни коморбидитети. Едното на 77, а другото на 74 години.

Ова семејство пред пет години го загубило столбот на семејството, нивната мајка, која починала од компликации од свински грип, на само 40 години.

Лекарите потврдија дека двајцата браќа кои починаа од компликации, направени од коронавирусот, имале апластична анемија, што било и сериозен коморбидитет. И двајцата најпрво се лекувани во ковид одделот на кавадаречката болница, но по влошувањето на состојбата се препратени на Инфективна клиника, каде и ја загубија битката.

Најнови вести