недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На Заев му се уарни со „трас – трас“ судството, нема ветинг на судии

На Заев му се уарни со „трас – трас“ судството, нема ветинг на судии

На премиерот Зоран Заев изгледа му се уарни со како што вели „трас-трас“ судството кое нему му одговара, па од „ветинг ќе има по предвремените парламентарни избори“, сега вели ветинг нема.
„Ветингот во судството е постапка што најверојано ќе започне веднаш по парламентарните избори. Со одлуката за парламентарни избори се менува просторот и ќе имаме техничка влада, која, според законот, не смее да се занимава со организирање и поддршка на вакви постапки – одговори премиерот Заев на прашање на „Порталб.мк“, во ноември 2019 година.

Во тој период лани на трибина „На прав пат“ на СДСМ во Велес, Заев рече „Потребен е целосен ветинг во судството. Но и нагласи дека бара целосен реизбор во судството, како и тоа дека судството мора да проработи со целосен ветинг во судската и обвинителската фела.

Во истиот период ДУИ најави дека темата „ветинг” ќе ја вклучи во изборната програма. Заев на прес конференција неколку месеци подоцна во јули 2019 вели „со причини сум застанал зад еден процес и до ден денеска стојам на тоа стојалиште како најбрз начин да го подобриме правосудството во државава, а тоа е распуштање со право на реизбор. Кога разговаравме со европските партнери тие побараа лична, а не колективна одговорност и таа е помалку важната причина. Како втора најважна причина е ресурсниот капацитет, односно како да се пополнат испразнетите судиски и обвинителски места ако тие заминат по процес на ветинг, ќе рече Заев.

Вчера слушнавме изјави од страна на премиерот и од министерот за правда Бојан Маричиќ, кој наспроти ваквите ветувања на Заев кои сега не важат, рече дека ветинг ќе нема.

„Ќе нема ветинг, но ќе има прочистување на добри и лоши кадри“, најави Маричиќ вчеравечер на Клик Плус на ТВ21.
Да потсетиме дека премиерот прво ја обвини Европската унија па во едно интервју за Си Ен Ен Албанија рече „Спроведувањето на ветингот во судството е планирано уште од доаѓањето на власт, но не е започнато заради препораките од Европската Унија“ изјави тој лани во ноември месец.

Изјавите на тотална спротивност на она што Заев со години го ветуваше за средување на правосудството за кое и своевремено се прогласи за реформатор на истото со назначување на сам себе како преводводник на телото за судски реформи кое не испорача буквално ништо. Сега Заев повторно како и многупати до сега ретерираше од овие негови изјави со кои што ја излажа македонската јавност дека ветинг во судството ќе има, сега вели ветинг нема, ќе има прочистување, иако притоа сеуште не е јасно за какво прочистување станува збор, кој истото ќе го врши, на каков начин ќе биде спроведено истото.

Според него, пред само една година потребата од ветинг беше наметната од однесувањето на некои судии и обвинители, но сега изгледа со ваквата одлука на Заев безмалку како да му одговара однесувањето на некои судии и обвинители реши да не спроведува постапка за оценување на кредибилитетот на одредени судии и обвинители, можеби затоа што тоа „трас-трас“ судство и обвинителство го засега него, но и дел од функционерите на власт кои се во тесна врска со постапувањето на судската власт. Но, ни прв, а веројатно ни последен пат нема да биде Заев да излаже и вети нешто пред граѓаните кое за сопствени интереси нема да го реализира и од истото да се повлече. На Заев и дел од власта веројатно им пречи создавање на независен судски систем, како и поставување на судии и јавни обвинители кои ќе бидат покредибилни во своето одлучување и постапување.

Најнови вести