Универзитетскиот професор по одбрана и безбедност кој деновиве престојува во Романија го посети Воениот музеј во Букуреш, при што наиде на интересна карта од минатото, односно на карта на која Македонија е претставена во нејзините природни граници.
Па Нацев во свој стил се пошегува „Тие со брусалиците ќе тргаат ли наваму? “…
-Денес, традиционално, бев на посета на Воениот музеј во Букурешт. И кога гледам таму, некои “небањати” дошле и ставиле огромна историска карта, па и напишале Македонија (на првата слика треба да се зумира малку, на втората се гледа убаво, го пишува и Стоби).
ПС. “Ајде мајката”, не било така лесно да се фалсификува историјата изгледа!
ППС. Тие со брусалиците ќе тргаат ли наваму?, пишува Нацев во својата објава на Фејсбук.