Универзитетскиот професор по одбрана и безбедност, Александар Нацев денеска во Приштина се сретна со командантот на мисијата КФОР, генерал мајор Ференц Кајари при што на истата му беше врачена плакета со логото на 26тиот командант на мисијата КФОР.
-Денес остварив средба со командантот на мисијата КФОР, генерал мајор Ференц Кајари, на која разговаравме за придонесот кој АРМ го дава кон оваа мисија, како и за идните аспекти на одбранбена соработка во рамките на НАТО.
На средбата ми беше врачена и плакета со логото на 26тиот командант на мисијата КФОР, објави Нацев на социјалната мрежа на Фејсбук.